Дома Фудбал Англија Рагник презадоволен: Не очекував вака да играме после еден тренинг заедно

Рагник презадоволен: Не очекував вака да играме после еден тренинг заедно

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рагник е задоволен од изданието на неговите фудбалери против Кристал Палас иако „црвените ѓаволи“ победија само со 1:0.

Рагник дебитираше со минимална победа и е задоволен од тоа што го видел кај неговите фудбалери.

„Навистина сум среќен и повеќе од тоа. Најважно е што победивме, потоа не примивме гол, и трето заслуживме затоа што го контролиравме натпреварот. Посебно добро го одигравме првиот половина час. Единствено нешто кое недостасуваше во првото полувреме беше да постигна еден или два гола.. Сепак, многу е јасно дека не можеме да играме на исто ниво во сите 90 минути“.

„Искрено, изненаден сум од физичката состојба, интезуитетот и перфорамансот на фудбалерите. Не очекував вака да играме после само еден тренинг заедно“, изјави Рагник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот кој го испровоцира црвениот картон на Нуњез добивал закани по живот

Дарвин Нуњез нема по добро да го памети мечот против Кристал Палас, откако доби црвен карт…