
По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професионалниот терен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот минатото лето објави крај на кариерата, но пензионирањето изгледа не му годеше. Поради тоа реши да се врати на фудбалот.
Веќе има нов клуб, се приклучува на тимот на Падова од втората италијанска лига.
Најголемиот успех го постигна со екипата на Аталанта. Таму помина седум години и беше капитен на тимот од Бергамо. По завршување на таа приказна, кариерата ја продолжи во Севиља, а потоа беше дел од Монца
Гомез беше без клуб минатата сезона. За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 17 натпревари и постигнато три гола, а најголемиот успех му е освојувањето на Светското првенство 2022 година во Катар.