Тимот на Работнички ги комплетираше зимските подготовки во Анталија.
Тимот на Борче Христов одработи 12 дена во турскиот туристички центар, одигра три пријателски натпревари и денеска се враќа во Скопје, каде ќе следи глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел од првенството.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Работнички на подготовките во Анталија ги победи украинскиот прволигаш Лвов (1-0) и рускиот второлигаш Факел (3-0), а загуби од полскиот прволигаш Краковија (0-1).
Последниот пријателски натпревар е закажан за в сабота (13 часот) против второлигашот Кожув во Гевгелија.