Францускиот репрезентативец Адриен Рабио ова лето имаше многу понуди, но реши да остане во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Рабио му истекуваше договорот со „старата дама“, но на крајот се согласи да го продолжи договорот на уште една сезона.
28-годишниот Французин игра одлично под водство на Алегри и откри дека токму тој бил причината да остане во Јувентус.
„Алегри сакаше да останам и зборуваше со мене многу оваа година. Дури и кога бев на одмор ми праќаше СМС пораки. По четири години тука, сега сум меѓу постарите во клубот и сакам да им поставам пример на помладите фубалери. Тренерот ја сфаќа мојата позиција на теренот и ми дава слобода да играм и тоа ми беше многу важно“.
„Последните две сезони без титула беа тешки, бидејќи дојдов тука да победувам. Но, Јувентус е голем клуб кој секогаш победувал и тие времиња ќе се вратат. Останав да победуваме заедно“, изјави Рабио.