Дома Фудбал Англија „Пукнала тиквата“ меѓу Роналдо и Тен Хаг – назад нема!

„Пукнала тиквата“ меѓу Роналдо и Тен Хаг – назад нема!

Изгледа само прашање на време е кога Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Иако Ерик Тен Хаг сакаше да го задржи најдобриот стрелец на екипата од минатата сезона, сега ситуацијата се промени. На веќе подолго време се пишува дека Роналдо сака да го раскине договорот со Јунајтед, а дебаклот против Брентфорд може да биде само дополнителна причина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Атлетик“ открива дека Роналдо започнал да ги „бојкотира“ тренинзите така што не ги извршувал во целост дадените задачи од холандскиот стратег.

Медиумите пишуваат и дека во текот на екипните оброци Роналдо седел сам одвоен од екипата. Нема проблем со соиграчите, но тој начин сакал јасно да стави до знаење дека е незадоволен што е тука.

Проблемот за Португалецот е што не може да пронајде адекватен ангажман во најголемите клубови. Меѓутоа Роналдо и Тен Хаг никако не „кликнаа“, немаат исти замисли, па Роналдо на крајот би можел да се реши и да ги намали своите барања за нов ангажман.

Почетокот на Јунајтед, без бодови после две кола е катастрофален, а веќе наредниот викенд ги чека натпревар против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…