Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ ќе биде исфрлен од Лигата на шампиони!?

ПСЖ ќе биде исфрлен од Лигата на шампиони!?

Богатиот француски клуб Пари Сент Жермен не го исполнил барањето на УЕФА па сега се соочува со изфрлање од Лигата на шампиони.

Како што пренесуваат француските медиуми, УЕФА после трансферот на Нејмар побарала од ПСЖ да продаде осум фудбалери, во спротивно следното лето ќе бидат исфрлени од Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сопственикот Ал Келаифи и управата немале друго решение, па на трансфер листа биле ставени Ди Марија, Пасторе, Матуиди, Моура, Дракслер, Бен Арфа, Орије и капитенот Тиаго Силва.

Заминаа само двајца, Орије и Маутиди за вкупно 45 милиони евра, но тоа не го реши проблемот, па сега се чека јануари.

Парижаните мораат да продадат уште неколку играчи, Бен Арфа кој не е во конкуренција одбива да замине, како и Дракслер, Пасторе би можел да се врати во Италија, а интерес има и за Лукас Моура.

Во случај ПСЖ да не успее во продажбата на овие фудбалери во јануари ќе се соочи со исфрлување од Лигата на шампионите.

Проблем е што во јануари трансферите од овој тип не се чести, па некои играчи би можеле да бидат испратени на позајмица со обврска да бидат купени на крајот од сезоната.

Во секој случај уште најмалку тројца или четворица играчи мораат да бидат продадени, или како што пренесуваат медиумите, од следната сезона нема да го гледаме ПСЖ во Лигата на шампионите.

УЕФА неодамна реагираше и покрена истрага против ПСЖ, особено после притисокот на неколку европски гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …