Дома Фудбал Останато ПСЖ уште пред да го одигра денешниот натпревар стана шампион на Франција

ПСЖ уште пред да го одигра денешниот натпревар стана шампион на Франција

ПСЖ попладнево и официјално стана нов шампион на Франција.

Нант денес го пречека Амиен и славеше со 3:2. После првото полувреме мрежите мируваа за Кулибали во период од 49-тата до 55-тата минута два пати да ја погоди мрежата на гостите. На 3:0 зголеми Ронгниер во 59-тата.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Сепак гостите не се предаваа и до предност стигнаа во 62-та минута, Отеро намали на 3:1. Конечните 3:2 ги постави Тимите на петнаесетина минути до крајот.

Ова беше трета победа во низа за Нант кој сега на своето конто има 40 освоени бодови и се наоѓа на 13-тата позиција.

Во вториот натпревар во денешната програма од 33-тото коло Тулуз и Лил ремизираа 0:0. Со тоа реми ПСЖ и официјално стана шампион на Франција на пет кола пред крајот.

Својот натпревар од ова коло ПСЖ го игра вечерва против Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…