Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за напаѓачот на Интер и француската репрезентација, Маркус Турам, пренесуваат италијанските медиуми.
Турам минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и веднаш се вклопи во тимот, а оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Турам игра во фантастична форма и ПСЖ нема да жали пари за да го доведе во своите редови, бидејќи бара засилување во нападот.
Интер не сака да ја продава својата ѕвезда, но Турам во својот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра, која ПСЖ е спремен да ја плати.