Дома Фудбал Франција ПСЖ со Меси станува клуб со најголеми плати во целиот спорт

ПСЖ со Меси станува клуб со најголеми плати во целиот спорт

Кога во екипата ќе се приклучи Лео Меси, ПСЖ ќе стане екипата со најголеми плати во целиот светски спорт.

Меси вчера пристигна во Париз каде ги помина лекарските прегледи, а веќе денеска ќе потпише двегодишен договор. По сезона ќе добива неверојатни 35 милиони евра, а предност за Парижаните беше што не платија за обештетување.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Французите за плата, ако го сметаме и Меси, ќе издвојуваат дури 302.7 милиони евра годишно, и со тоа ќе бидат пред досегашниот лидер, Реал Мадрид.

Реал ќе падне на второто место со 250.7 милиони евра. Трет на листата е Манчестер Јунајтед кој издвојува за плати 237.7 милиони евра, а Барселона 230.6 милиони евра.

Во топ 10 се уште и Јувентус со 220, Баерн 196.3, и Челси 192,75.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Гарначо направи потег кој потврдува дека заминува од Манчестер јунајтед!?

Алехандро Гарначо беше многупати тема на дневните весници на англиските медиуми во јануари…