Луис Енрике на почетокот на јули седна на клупата на Пари Сен Жермен, но веќе по еден месец фудбалската сцена ја тресе веста за негово можно заминување од клубот пред почетокот на сезоната.
Она што требаше да биде мирен почеток на неговата кариера во Париз се претвори во предизвик кој не го очекуваше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спорот за иднината на Килијан Мбапе дојде до точка која може да ги наруши и најцврстите планови.
Во светот на фудбалот конфликтите меѓу играчите и клубовите не се ретки, но случајот на Мбапе доби посебно значење. Тој е неспорно еден од најголемите таленти и светски ѕвезди, а контроверзноста околу неговата иднина длабоко го потресе Пари Сен Жермен.
Шпекулациите за негово заминување од клубот се присутни веќе подолго време, а неодамна го поврзуваа со Ал Хилал и Реал Мадрид.
Ситуацијата околу Мбапе предизвика вознемиреност во редовите на клубот и покрена прашања за тоа како ќе се одвиваат работите. Неизвесноста околу клучниот играч, кој со својата игра и резултати придонесе за успехот на клубот, создаде тензија и неизвесност на Паркот на принцовите.
Дополнително, горчина на целата ситуација додава веста за потенцијалното заминување на спортскиот директор, Луис Кампос. Сето ова се случува додека Енрике само што се запознава со својот тим.
Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека оваа низа настани би можела да го натера Луис Енрике да поднесе оставка. Извор близок до тренерот тврди дека тој не се чувствува целосно удобно во таква средина.
Paris Saint-Germain spokeperson tells me on Luis Enrique considering to leave PSG: “Today’s rumors are as ridiculous as they are completely out of place”. 🚨🔴🔵 #PSG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 3, 2023
Paris Saint-Germain are dismissing as “complete nonsense” stories on both Luis Enrique and Luis Campos leaving. pic.twitter.com/NzbwBeC9ha