Голманот на Краснодар и руската фудбалска репрезентација Матвеј Сафонов пристигна во Париз на лекарски преглед, пред да потпише за Пари Сен Жермен.
Клубовите го договорија трансферот на 25-годишниот голман. Договорот ќе биде на пет години, а Краснодар ќе заработи 20.000.000 евра обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сезоната која заврши викендов, Сафонов одигра 30 натпревари за Краснодар во руската Премиер лига и во 11 од нив ја зачува својата мрежа.
Во последното коло неговиот клуб го победи Динамо од Москва со резултат 1:0 и го освои второто место, зад Зенит и пред Динамо. Сафонов во неделата беше прогласен за најдобар голман во сезоната 2023/24. во Русија.
Голот на Краснодар го чува од 2019 година.