Дома Топ вести ПСЖ почна преговори со наследникот на Мбапе

ПСЖ почна преговори со наследникот на Мбапе


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми.

„Светците“ на крајот на сезоната најверојатно ќе останат без Килијан Мбапе, кој ќе замине како слободен агент, па веќе почнаа да бараат замена за Французинот.

19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.

Фудбалерот, роден во 2002 година од мајка Романка и татко Нигериец, дебитираше за германската репрезентација во септември, и важи за еден од најголемите талени.

Младиот напаѓач оваа сезона има одиграно 22 меча на кои постигна 15 гола и запиша 2 асистенции.

ПСЖ веќе започнал преговори со Салцбург и е спремен да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…