Дома Фудбал Останато ПСЖ му порача на Покетино да си бара нов клуб

ПСЖ му порача на Покетино да си бара нов клуб

Челниците на ПСЖ веќе го известиле Маурисио Покетино дека следната сезона нема да го води тимот, пренесуваат француските медиуми.

Тимот кој е преполн со ѕвезди не изгледа доминантно на теренот, а она што му пресудило на Аргентинецот е незадоволството во соблекувалната и испаѓањето во осминафиналето на Купот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Информацијата ја пренесе еминентниот француски новинар, Адриен Грение, кој е одлично информиран за случувањата во ПСЖ.

ПСЖ веќе ја започна потрагата по нов тренер и е во напредни преговори со Зинедин Зидан, кој ќе седне на кормилото на „светците“ на лето.

Покетино во јануари имаше понуда од Манчестер Јунајтед, па „црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да го донесат на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок во Будимпешта: Ирска ги шокираше домаќините во 96. минута (Видео)

Ирска денеска во Будимпешта приреди вистинска сензација во последното коло од квалификации…