Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар е блиску до трансфер во ПСЖ.




Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос го посочи како приоритет доведувањето на Скриниар и започна преговори со Интер.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.




ПСЖ сега е спремен да ја зголеми понудата на 65 милиони евра со вклучени бонуси и денес претседателот на „светците“ Ал Келаифи лично ќе има состанок со менаџерот на Скриниар во Лондон.




Потоа менаџерот ќе ја пренесе понудата до Интер и ќе инсистира да биде прифатена, бидејќи дефанзивецот веќе има договор со ПСЖ каде ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси.