Дома Трансфер зона ПСЖ за Нејмар добил голема понуда од италијанскиот гигант, но не сакале да го продадат

ПСЖ за Нејмар добил голема понуда од италијанскиот гигант, но не сакале да го продадат

Нејмар остана во ПСЖ, ќе видиме како ситуацијата ќе се развие оваа сезона, но јасно е дека ова е неговата последна година во Париз.

Тој ќе направи се за да се врати во Барселона, Реал изгледа нема намера да го доведе, сметаат дека со тоа би ги уништиле шансите Мбапе следната година да заврши во Мадрид. Но, ПСЖ можеше да го продаде Нејмар, и тоа на Јувентус. Италијанските медиуми откриле дека на масата имале понуда од 100 милиони евра, плус Диабала за кого Леонардо е заинтересиран.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веројатно влегле во преговори, Јуве би го додал и Манџукиќ иако Хрватот не сакаше да ја напушти Италија. Со бонусите, Италијанците пресметале дека таа понуда е околу 200 милиони евра, колку што според инфорамциите и барале Французите. Сепак, Ал-Келаифи ја одби понудата, што покажува дека ПСЖ и не сакаше да го продаде Нејмар, поточно Леонардо ја имал таа идеја, но рампата пристигнала од страна на сопствениците од Катар.

Планот на Јувентус бил серазбира маркетински со такви два играчи како што се Роналдо и Нејмар да ги покрие огромните трошкови, но и да се ослободи од Диабала за кого неам место во стартната постава. Покрај тоа, дел од трансферот би го финансирале и сопствениците Елкани, во обид да се пробијат на азискиот пазар. Меѓутоа, од сето тоа немаше ништо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…