Дома Фудбал Останато ПСЖ го продаде Лукас бидејќи бил шпион!?

ПСЖ го продаде Лукас бидејќи бил шпион!?

ПСЖ пред пет години за 40 милиони евра го купи Лукас Моура како еден од најголемите таленти во светот, а пред неколку дена го продаде во Тотенхем за 28 милиони евра.

Моура и не остави така лош впечаток на „Паркот на принцовоте“ каде за 5 години постигна 40 гола и запиша 50 асистенции, но во последно време падна во сенка на Нејмар и Мбапе.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Француските медиуми откриваат дека Бразилецот не бил продаден само поради своите фудбалски квалитети, туку и човечки. Имено, откриено е дека Лукас Моура бил „кртица“ од соблекувалната на ПСЖ.

Веќе подолго време ПСЖ води „војна“ со домашните медиуми кои секогаш точно дознаваат што се случува во соблекувалната на „светците“, а на крајот раководството открило дека Лукас е шпион, и не само тој.

За истото се сомничи и Хатим бен Арфа кој е „пречкртан“ и воопшто не добива шанса за настап оваа сезона, но не сака да го напушти клубот бидејќи има богат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ги изненади Бразилците со списокот за Хрватска, Роналдињо не можеше да остане мирен и веднаш реагираше

Бразилската јавност беше изненадена од одлуката на Карло Анчелоти да не го вклучи Нејмар н…