Дефанзивецот на Јувентус, Матија де Шиљо повторно е на радарот на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Светците“ го сакаа 27-годишниот бек уште во јануари и беа спремни да направат трампа со Курзава, но трансферот пропадна во последен момент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Де Шиљо не е во плановите на новиот тренер на „старата дама“ и сигурно ќе ја промени средината, а интерес за него покажува и Рома.
После повредата на Бернарт, ПСЖ повторно е заинтересиран за Италијанецот и овој пат има големи шанси да го донесе во Париз.
Јувентус за слободата на Де Шиљо бара 15 милиони евра, сума која ПСЖ е спремен да ја плати.