ПСЖ сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.
Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг.
Холанѓанецот одлично го познава Де Јонг бидејќи заедно работеа во Ајакс и плејмејкерот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под негово раководство.
Меѓутоа, сега ПСЖ се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед бидејќи „светците“ се спремни да понудат 75 милиони евра во кеш.
Притоа, ПСЖ му нуди на Холанѓанецот да игра во Лигата на шампиони, а Јунајтед следната сезона нема да игра во најелитното натпреварување.