Дома Топ вести ПСЖ го дава Пасторе и пари за Бака

ПСЖ го дава Пасторе и пари за Бака


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Италијанските медуми пренесуваат дека ПСЖ по секоја цена сака да го доведе голгетерот на Милан, Карлос Бака во зимскиот преоден рок.

Унаи Емери во Бака гледа идеално засилување, па ПСЖ ќе направи се за да му ја исполни желбата на својот тренер и да го донесе Колумбиецот уште во јануари.

Неодамна медиумите пишуваа дека „светците“ испратиле понуда од 40 милиони евра која Милан експредно ја одбил, но францускиот клуб не се откажува и наскоро ќе испрати нова понуда.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека ПСЖ е спремен да го даде Хавиер Пасторе плус 10 милиони евра за да го добие потписот на Бака.

Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, односно врвен плејмејкер, па не е исклучено да ја прифати ваквата понуда од парижаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан благодарение на Пулишиќ ја носи идната ѕвезда на светскиот фудбал

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Италијанскиот гигант …