Дома Фудбал Репрезентации Промени во Германија: Нема место за Милер и Горецка, Флик повика фудбалер на Брајтон

Промени во Германија: Нема место за Милер и Горецка, Флик повика фудбалер на Брајтон

На германската репрезентација баш не и оди најдобро во последниот период, па тренерот Ханси Флик е под притисокот поради таквите резултати.

Сега Флик се обидува да ја поправи ситуацијата со еден вид шок терапија, па за пријателските натпревари со Франција и Јапонија не повика некои стандардни репрезентативци. Германците пишуваат дека овие натпревари се последната шанса Флик да се „извади“ и да остане селектор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Повик во репрезентацијата не доби ветеранот Томас Милер кој повторно не е во плановите на селекторот, а покрај него немаше место и за Леон Горецка. Тимо Вернер не игра во најдобра форма во Лајпци, па неговото изоставување не е преголемо изненадување.

Интересно е што Паскал Грос на 32 години со добрите настапи за Брајтон си обезбеди повик и ако настапи тоа би било негово деби за репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шкупи пред целосен распад, Силекс доби службена победа

Екипата на Шкупи се соочи со нов удар откако не успеа да обезбеди стадион за мечот од втор…