Дома Македонски спорт Мак ракомет Продолжува хаосот во македонскиот ракомет: Нови заразени со Ковид во Охрид

Продолжува хаосот во македонскиот ракомет: Нови заразени со Ковид во Охрид

ГРК Охрид потврди дека во клубот има нови четворица заразени со коронавирусот. Во неделата клубот потврди дека позитивни на вирусот биле еден играч и еден член на раководството.

Со тоа бројката на заразени во македонскиот ракомет се искачи на 50-ина лица, после вчерашната објава на Работнички дека скоро целиот тим е позтивен на Ковид 19.

Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга, па поради тоа суперлигашката група А е во мирување.

„ГРК Охрид ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија. Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба“, се вели во соопштението на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Алиоски добива нов договор во Лидс!

Вчера Езгјан Алиоски одигра одличен натпревар во победата на Лидс на гости кај Астон Вила …