Дома Фудбал Англија Продолжува војната: Коста има уште што да каже за Конте

Продолжува војната: Коста има уште што да каже за Конте

Коста е лут на Конте бидејќи во лице не му рекол дека не смета на него, а лут е и на управата на Челси бидејќи не сака да го пушти да замине во Атлетико Мадрид.

Тој изминатата недела истакна дека клубот го третира како „криминалец“. Шпанскиот репрезентативец не беше во тренинг центарот на Челси откако тимот ја освои шампионската титула во мај, а медиумите ја објавија неговата фотографија како во опрема на Челси тој самостално тренира.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Пораката на Конте? Тоа беше момент на лудило. Тоа може да се случи, но со тоа покажа непочит. Со тренерите и членовите на управата секогаш сум барал да разговарам во лице. Никогаш не сум им испратил смс порака, а тоа само покажува каква личност е тој. Ако во целата ситуација нешто ме растажува, тоа се навивачите, бидејќи секогаш ме поддржуваа, дури и во деликатните моменти“, истакна Коста, пренесуваат британските медиуми.

Тој наведе дека престојот во Челси бил неверојатно искуство и повторно би сакал да се врати во Атлетико Мадрид, од каде во 2014. година пристигна на „Стемфорд Бриџ“ за 32 милиони фунти.

Шпанецот неодамна истакна и дека Челси од Атлетико го бара невозможното.

„На сите јасно им кажав каде сакам да играм. Шпанија е мојата земја. Се заљубив во Мадрид. Мораме да го чекаме вистинскиот момент“, заклучи Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед понуди 60 милиони евра за ѕвездата на Интер!

Манчестер Јунајтед ја има определено својата примарна цел за следниот трансфер период. Мед…