Дома Фудбал Италија Продолжен зимскиот преоден рок во Серија А

Продолжен зимскиот преоден рок во Серија А

Управата на Серија А одлучи да го продолжи зимскиот преоден рок.

Иако беше планирано во Серија А трансферите да завршат до 18-ти јануари во 20 часот, вчеравечер беше донесена одлука зимскиот рок на „Чизмата“ да се продолжи до 31-ви јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така клубовите во Италија ќе имаат цел месец да се обидат дополнително да ги засилат своите редови пред продолжување од сезоната.

И во останатите посилни првенства во Европа преодниот рок трае до 31-ви јануари, но од овој преоден рок никој не очекува спектакуларни трансфери.

Сепак, промени кај поголемиот број клубови сигурно дека можеме да очекуваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат з…