Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се најде во големи проблеми откако повторно е обвинет за силување на поранешната американска студентка Кетрин Мајорга.
Кетрин за германски „Шигел“ одлучи да даде изјава во која објаснува како Роналдо брутално ја силувал во 2009 година во еден луксузен хотел во Лас Вегас. Исто така истакна дека Португалецот и платил 287.000 фунти за да не зборува за она што се случувало таа ноќ. Секако, Роналдо експресно ги демантираше таквите тврдења.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, изгледа дека проблемите за Роналдо што туку почнуваат бидејќи полицијата во Лас Вегас повторно започна истрага околу наводното силување. Дективите работат на основа на приказната која ја расакажа Кетрин и ќе се обидат да дојдат до докази, доколку има вистина изјавата.
Американката додаде и дека едноставно не можела да го држи повеќе во себе тоа што се случувало таа ноќ и дека морала тоа јавно да го каже иако имала договор со
Роналдо. Но, сигурно дека се додека нема докази сите на ова ќе гледаат со голема доза на резерва, останува да се дознаат повеќе информации после истрагата на американската полиција.
BREAKING: Las Vegas Police reopen investigation into an allegation of sexual assault on June 13, 2009.
“Our detectives are following up on information being provided by the victim. This is an on-going investigation.” pic.twitter.com/kyQaTl0D7w— Dan Roan (@danroan) October 1, 2018