Дома Трансфер зона Проблем за Реал, Варан сака да си оди

Проблем за Реал, Варан сака да си оди

Во Реал Мадрид стравуваат дека Рафаел Варан може да одбие да потпише нов договор, пренесува „Марка“.

Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед покажуваат најсериозен интерес за Французинот, а бидејќи влегува во последната година од договорот неговата цена ќе биде 50 милиони евра.

Реал сака да го задржи дефанзивецот и му понуди нов договор, но преговорите не одат во добра насока, бидејќи Варан преферира да ја промени средината.

Варан е на „Сантиаго Бернабеу“ веќе 10-та сезона и моментално заработува 6 милиони евра, а со новиот договор бара плата од 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…