Виктор Осимен игра фантастична сезона во дресот на Наполи, а со својата маска се стекна со имиџ кој е лесно препознатлив, но сега италијанските медиуми објавија дека ја загубил.
Осимен како и многу други фудбалери во изминтиот период имаше обврски кон репрезентацијата на Нигерија со која играше против Гвинеја Бисау во квалификациите за Африканскиот куп на Нации. Оваа недела тој се вратил во Неапол, но се вратил без неговата среќна маска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маската Осимен почна да ја носи по еден дуел со Шкринер во дербито против Интер во ноември 2021 година. Ја носеше поради потреба за да се заштити, но прерасна во негов заштитен знак. Навивачите ја прифатија како негова амајлија, а тој секогаш ја вади при прославата головите.
Според најавите Осимен во дербито против Милан викендов ќе игра со стара маска и таа ќе ја користи додека не му се изработи нова. Нигериецот во овој момент е прв стрелец во Серија А со 21 постигнат гол.