Дома Фудбал Проблем за Барселона: Се повреди „новиот Чави“

Проблем за Барселона: Се повреди „новиот Чави“

Во Барселона денес на тренинзите се врати Самуел Умтити, меѓутоа Каталонците добиваат и една лоша вест.

Барселона потврди дека играчот за врска Артур Мело заработил повреда на задната ложа и го чека пауза.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бразилецот кој стана стандарден дел од составот на Барселона ќе биде надвор од терените помеѓу три и четири недели.

Ова значи дека Артур ќе ги пропушти натпреварите против Билбао, Ваљадолид и Севиља во првенството, како и натпреварот против Лион во Лигата на шампионите, под знак прашалник е и за настапот против Реал Мадрид во реваншот од шпанскиот куп.

Артур во последно време започна да прикажува одлични игри, посебно се истакна во „Ел Класико“ каде што целосно доминираше на средина од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…