Барселона денес објави ново соопштение во врска со повредата на младиот Педри кој доби удар во натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.
Офанзивниот фудбалер за врска е еден од најважните во системот на Чави и тој го повредил квадрицепсот и ќе мора да паузира околу еден месец. Барселона нагласи дека неговото враќање ќе зависи од напредокот во опоравувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми пренесуваат дека Педри ќе пропушти најмалку шест, а најмногу осум натпревари.
Ова значи дека Педри нема да биде на располагање на Чави против Кадиз во ЛА Лига, потоа против Јунајтед во реванпот, па Алмерија и Валенсија и Билбао во Примера, како о полуфиналето од Копа Дел Реј против Реал Мадрид.
Тука треба да се додаде и дека Педри ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа ако Барселона го помине Манчестер Јунајтед.
‼ ÚLTIMA HORA
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) February 17, 2023
Las pruebas realizadas esta mañana han confirmado que el jugador del primer equipo Pedri sufre una lesión en el recto anterior del muslo derecho. Es baja y su evolución marcará su disponibilidad pic.twitter.com/s2Nmoih7QV