Дома Фудбал Проблем за Барселона, стопирани преговорите со Гави и Араухо

Проблем за Барселона, стопирани преговорите со Гави и Араухо

Младите Гави и Араухо се наметнаа во првиот тим на Барселона и клубот сака долгорочно да ги задржи на „Камп Ноу“ со нови договори.

Меѓутоа, до овој момент тоа се покажува како тешка задача бидејќи преговорите се застој.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Каталонски „Спорт“ пренесува дека во моментов Барселона не може да ги исполни условите кои менаџерите на овие двајца важни фудбалери ги поставиле.

17-годишниот Гави и 23-годишниот Араухо имаат договор со Барселона само на уште една сезона и со актуелните договори се едни од најмалку платените фудбалери во тимот.

Логично агентите бараат многу повисоки плати, а тоа е проблем за Барселона. Каталонскиот гигант има финансиски проблеми и се обидува да ги намали расходите.

Гави во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која многу клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Порано беше на врвот на светот, а сега „се дави“ во долгови: Легендата на Ливерпул должи милион и пол фунти

Сите кои во 80-тите и 90-тите години го следеа англискиот фудбал и Ливерпул знаат кој е Џо…