Дома Фудбал Германија Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Баерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер, но во овој натпревар се повреди Серж Гнабри.

Гнабри ќе отсуствува од терените неколку недели откако се здобил со скршеница на левата рака.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Повредата Гнабри ја заработи со сударот со Јоханес Шченек, голманот на Минстер.

„Серж ќе мора да оди на операција и ќе отсуствува неколку недели“, потврди тренерот на Баерн, Томас Тухел.

Ова значи дека Гнабри нема да може да му помогне на Баерн во натпреварите од Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но нема да биде на располагање ниту на селекторот на Германија, Нагелсман за октомврскиот циклус во кој Германците ќе играат пријателски натпревари со САД и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Сити ослабен гостува во Белград

Maнчестер Сити ја прекина низата на неуспеси и така со не толку добра игра го победи Лутон…