Новото засилување на Вардар, Анте Кудуз се соочува со проблеми во договорот со Динамо Букурешт.
Хрватот е еден од најдобрите ракометари на неговиот тим, а втор пат сезонава е исфрлен од станот во кој живее. Тоа се случува затоа што клубот не ги подмирил сметките на време.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Поради неисполнување на обврските кон мене вторпат сезонава бев исфрлен од станот во кој живеам. Причината е што клубот не ја платил закупнината за која обврзан да ја плаќа со договорот. Првиот пат во август 2020 година мислев дека е недоразбирање, но кога сега се случи повторно знам дека не е случајно. На клубот веднаш им кажав дека сум исфрлен, но никој не реагираше“, се пожали хрватскиот ракометар.
Кудуз ќе потсетиме со Вардар потпиша договор на две години до летото 2023 година, а треба да пристигне по завршувањето на актуелната сезона.