Фудбалерите на Баерн Минхен утре на гостувањето кај Баер Леверкузен ќе бидат без капитенот Мануел Ноер.
Германските медиуми пренесуваат дека голманот на Баварците заработил повреда на последниот тренинг. Ноер има повреда на раката, но за среќа не се работи за скршеница.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец во последните две години има многу проблеми со повреди, па минатата сезона одигра само три натпревари поради повреда на стапалото.
За среќа оваа повреда не е тешка и се очекува брзо да се врати на терените.
According to Bild, Manuel Neuer injured his right thumb but luckily it was not broken.
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 1, 2019