Дома Фудбал Проблемите за Чави продолжуваат – нова повреда!

Проблемите за Чави продолжуваат – нова повреда!

Пред репрезентативната пауза Чави можеше да смета на сите играчи во тимот, а сега отпаднаа дури четворица.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Роналд Араухо денес беше опериран во Финска и ќе паузира два ипол месеци, додека се очекува Жил Кунде да биде спремен за „Ел Класико“ на 16. Октомври. Мемфис Депај е во „аут“ еден месец, а денес на повреда се пожали и Хектор Белерин.

Шпанецот немаше репрезентативни обврски, меѓутоа почувствувал болка во мускулот и порано го напуштил тренингот. Се уште не е познат степенот на повредата и во клубот се надеваат дека Белерин наскоро ќе се врати на терените.

Барса за шест недели ќе одигра дури 12 натпревари, распоредот не е лесен: Интер (двомеч), Баерн, Реал, Виљареал, Атлетик Билвао и Валенсија. Позитивни вести за Чави се што после репрезентативната пауза Френки Де Јонг и Осман Дембеле се чувствуваат добро и ќе бидат спремни за викендот кога Барселона ќе игра против Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Косово на подарок ќе добие стадион од Катар

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! По Мундијалот во…