Eрата на Мурињо во Манчестер Јунајтед која траеше две ипол години вчера беше завршена.
На Португалецот му беше доделен отказ, него го наследи легендарниот фудбалер на овој клуб, Оле Гунар Солскјер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Резултатите на Јунајтед не беа добри, играта уште полоша, но наводно проблемите за Мурињо со управата започнале во февруари оваа година.
На 6-ти февруари оваа година беше обележана 60-годишнина од најтешкиот момент во историјата на Манчестер Јунајтед – трагедијата во Минхен. На тој 6-ти февруари 1958 година авионот во кој се наоѓаше екипата на Манчестер Јунајтед се сруши во обидот да полета на минхенскиот аеродром.
Вкупно 23 лица тогаш го загубија животот вклучувајќи осум фудбалери и три члена на стручниот штаб. Тренерот Мет Басби беше тешко повреден, а помеѓу преживеаните беше и Сер Боби Чарлтон кој денес е еден од директорите во Јунајтед.
Целата управа на Јунајтед наводно била згрозена од фактот што Мурињо на обележувањето на трагичниот настан се појавил во патики и дуксер преку кој го облекол клупското сако.
Оваа негова комбинација била протолкувана како непочитување кон клубот, а „Тајмс“ пренесува дека тогаш никој од управата за доброто на тимот не сакал да привлекува внимание на облеката на Португалецот.
Исто така, во Јунајтед биле исклучително лути од фактот што во април оваа година Мурињо го земал со себе својот син на натпреварот против Свонси и му дозволил да седи покрај него на клупата за време на натпреварот.