Дома Фудбал Останато Приказна за Роналдо која не сте ја знаеле! Зошто си купил пинг понг маса и вежбал како „манијак“ две недели…

Приказна за Роналдо која не сте ја знаеле! Зошто си купил пинг понг маса и вежбал како „манијак“ две недели…

Приказната ја откри, Патрис Евра и можеби најдобро опишува зошто Кристиано Роналдо е тоа што е!

Перфекција или можете да го наречете како сакате.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Роналдо Бог сигурно не му дал талент каков што има Меси, па дури и Нејмар, но она што Кристиано го постигна со комбинација на физичките предиспозиции и работата е неверојатно.

Освен што е познато дека е човекот кој прв доаѓа на тренинзите и последен заминува, Роналдо е неверојатен натпреварувач, не само во фудбалот, туку секаде.

Приказната која се случила во Манчестер Јунајтед веројатно го опишува и најдобро.

Патрис Евра сега ја откри за медиумите.

„Игравме пинг понг, Рио Фердинанд го победи и малку недостасуваше да се расплаче“.

„Знаете ли што направи? Испрати некој негов близок да му купи маса за пинг понг, ја намести во својот дом и вежбаше како манијак две недели. После тоа го предизвика Рио и пред сите го победи“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…