Дома Фудбал Останато Претседателот на ФИФА позитивен на Ковид 19

Претседателот на ФИФА позитивен на Ковид 19

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино, е позитивен на Ковид-19, потврдија од таборот на Светската куќа на фудбалот.

Според информациите, тој се чувствува добро и наредните две недели ќе ги помине во изолација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Светската фудбалска федерација соопштија дека сите кои биле со Инфантино во контакт минатите денови ќе бидат во самоизолација.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е заразен со коронавирус и денес доби позитивен тест. Тој пред десетина дена почувствувал благи симптоми и од тогаш е во самоизолација и ќе остане во карантин уште десетина дена. Сите луѓе кои имале контакт со него се известени и замолени да ги преземат потребните мерки. ФИФА на својот претседател му посакува брзо закрепнување“ стои во официјалното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незадоволство во Битола: Пелистер поради спонзор ќе го менува името!

Eкипата на Пелистер во наредниот период ќе добие финансиска инјекција и нов спонзор, меѓут…