Дома Трансфер зона Претседателот на Наполи одлучил: Може да замине за – 120 милиони евра!

Претседателот на Наполи одлучил: Може да замине за – 120 милиони евра!

За дефанзивецот на Наполи кој се прослави во финишот од сезоната со постигнатиот гол против Јувентус, кој сепак на клубот од Неапол не им ја донесе титулата владее огромен интерес.

За Калид Кулибали интересот е огромен, а најмногу до овој момент се поврзуваше со англиските клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој дефанзивец е незаменлив во последните три сезони во тимот на Наполи, а неговите настапи не поминаа незабележано. Покрај англиските гиганти Челзи и Манчестер Јунајтед со кои најмногу се поврзуваше се споменуваа уште и Барселона и Реал Мадрид.

Наполи не сака да го продаде Кулибали, но истовремено тие се свесни дека тешко ќе успеат да го задржат во своите редови. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис за „РАИ Спорт“ истакна дека за Сенегалецот ќе бара огромни 120 милиони евра!

Доколку некој од заинтересираните клубови се согласи да ја плати оваа сума, Кулибали би станал апсолутно најскапиот централен дефанзивец во светот. Во овој момент тој рекорд го држи Вирџил Ван Дијк за кого Ливерпул ова лето плати 80 милиони евра.

Покрај тоа Кулибали би бил трет најскап играч на сите времиња зад Нејмар и Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…