Дома Фудбал Пресврт: Депај потпишува нов договор

Пресврт: Депај потпишува нов договор

Барселона во наредните денови ќе му понуди нов договор на напаѓачот Мемфис Депај, пренесува каталонски „Спорт“.

Се чини дека дојде до пресврт и Каталонците се спремни да го задржат Депај, бидејќи до неодамна медиумите тврдеа дека е ставен на продажба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Депај пристигна во клубот минатото лето како слободен играч и на почетокот на сезоната беше стартер, но по доаѓањето на Чави ја загуби позицијата во тимот.

Новиот договор на Депај ќе зависи и од одлуките на Генералното собрание на клубот. Доколку му се доделат дополнителни средства, газдите ќе седнат на преговарачка маса со напаѓачот.

Во својата прва сезона во Барса, Депај забележа 38 натпревари, 13 гола и 2 асистенции. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топџиите за 60 милиони евра купуваат играч кој ги разби во 180 минути!

Арсенал моментално се наоѓа на врвот на Премиер лигата, а сè уште натпреваруваат во ФА Куп…