Раководството на Атлетико Мадрид е убедено дека ѕвездата на тимот Антоан Гризман ќе го носи дресот на „црвено-белите“ и во следната сезона, пишува весникот „АС“.
Долго време се шпекулира дека Гризман на крајот на сезоната ќе се пресели во Манчестер Јунајтед кој е спемен да ја плати откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Но денешното издание на „АС“ вели дека лидерите на Атлетико Мадрид го убедиле Французинот да остане и следната сезона. Весникот тврди дека Французинот е среќен во Мадрид и ужива во играњето за Атлетико.
Управата на клубот исто така му дала ветување на играчот дека ќе биде инвестирана значителна сума на средства во засилувања на тимот следното лето.