Португалскиот прволигаш Спортинг има намера да го донесе хрватскиот играч Милан Бадељ, кој овој месец му истече договорот со Фиорентина, пренесуваат медиумите во Португалија.
Спортскиот весник „O Jogo“ пишува дека 29-годишниот хрватски репрезентативец треба да го замени 26-годишниот играч за врска Вилијам Карваљо, кој се приклучи на Бетис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бадељ е на одмор откако што пред единаесет дена со Хрватска го освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија. Хрватскиот репрезентативец последните четири сезиони беше член на Фиорентина, а пред тоа две сезони играше за ХСВ, во чии редови пристигна од Динамо 2012. година.
Спортинг минатата сезона заврши на третото место во португалското првенство, зад шампионот Порто и второпласираната Бенфика и помина еден турбулентен период обележан со напади од навивачите на играчите во мај.