Дома Фудбал Останато Пресврт: Артета може да „извиси“, друг Шпанец веќе преговара со Арсенал!?

Пресврт: Артета може да „извиси“, друг Шпанец веќе преговара со Арсенал!?

Додека ја чекаме промоцијата се појави ново име.

Реномираниот новинар на „Скај“, Гилијем Балаг денес пресе дека Унаи Емери се наоѓа во Лондон на преговори со Арсенал!

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако сите англиски медиуми денови наназад пренесуваат дека Микел Артета со сигурност ќе биде новиот меназер на Арсенал, денес се појави вест дека Емери веќе преговара.

Унаи Емери заработи отказ во Пари Сен Жермен после неуспехот во Лигата на шампионите и елиминацијата во 1/8 финалето, на негово место дојде Томас Тухел.

Иако во Париз немаше некој голем успех во Европа, Емери има искуство. Со Севиља три пати триумфираше во Лигата на Европа.

Информацијата доаѓа од „Скај“ и реномиран новинар, па останува да видиме дали навистина може да се случи голем пресврт и Артета да не седне на тренерското столче на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во Нови Сад: Групна тепачка на фудбалски турнир, полицијата реагирала со 15 возила

Денеска во попладневните часови, на фудбалски турнир организиран во Нови Сад дојде до груп…