Во изминатото лето Баерн Минхен остана без Роберт Левандовски и сезонава тимот од „Алијанц Арената“ не е доминантен како во претходнтие години.




Можеби и нема повразност, но Баерн во овој момент е второпласиран во Бундеслигата. Се шпекулираше дека клубот ќе се засилува во јануари, меѓутоа спортскиот директор Хасан Салихамоџиќ истакна дека Баерн нема да купува во јануари.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Многу направивме во текот на летото и се подготвивме за целата сезона. Нема да бидеме активни во зимскиот преоден ро. Мислам дека добро сме покриени во сите делови, па така и во нападот. Нашиот напад може да се носи со сите во Европа, па дури и да биде најдобар“, самоуверено истакна Салихамиџиќ.




Летово најголемото засилување за Баерн во нападот беше Садио Мане од Ливерпул, додека најмногу платија за Де Лихт кој ја засили одбраната.