Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сакаше да го ангажира Матеус Нунес од Вулверхемптон, но понудата од 60 милиони евра не беше доволно голема за „волците“.
На „Итихад“ претходно пристигнаа фудбалери како Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку, по што Гвардиолa мислеше дека лесно ќе го добие и Нунес, но тоа не се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Волците“ се подготвени да го продадат Нунес, меѓутоа за него бараат дури 100 милиони евра и засега не е познато дали „граѓаните“ се подготвени за такво нешто.
Доколку не успеат да го купат Нунес од Вулверхемптон, тогаш „граѓаните“ ќе се обидат да го ангажираат Ебречи Езе од Кристал Палас.