Пандемијата од коронавирус ќе нанесе голема финансиска штета на Фудбалската асицијација на Англија, пренесуваат медиумите на Островот.
Имено, педантните англиски новинари пресметале дека загубите ќе бидат околу 100 милиони фунти.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Најголема е загубата од телевизиските права, билети и спонзори. Сето тоа сега е стопирано и дневните загуби во Премиер лигата се навистина големи.
Во Англија стравуваат дека нема да можат да ја завршат сезоната до 30-ти јуни бидејќи таму треба да се доигруваат најмногу натпревари во споредба со другите лиги.