Англиската Премиер лига дава поддршка на фудбалерите кои се приклучуваат на акцијата против расизмот.
Фудбалската асоцијација истакна дека ќе биде „водена од здравиот разум“ во однос на какви било антирасистички и политички гестови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно, фудбалерите на Ливерпул и Челзи клекнаа, во чест на споменот за афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот при неговото приведување од полициски службеник во САД.
Во Германија, раководството на Бундеслигата исто така одлучи да не ги казнува играчите кои покажаа антирасистички пораки и повици за време на натпреварите.
Во Премиер лигата исто така фудбалерите нема да бидат санкционирани со жолт картон доколку плукаат на теренот, како што беше претходно најавено.