Дома Останати Тенис Премиерот потврди: За Ѓоковиќ да настапи на Австралија Опен ќе мора да помине карантин

Премиерот потврди: За Ѓоковиќ да настапи на Австралија Опен ќе мора да помине карантин

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ има јасна ситуација пред почетокот на следниот грен слем, Австралија Опен кој е на програмата идниот месец.

Неговото учество, но и учеството на неколку други тенисери беше под голем знак прашалник. Сепак, сега премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека тенисерите кои не се вакцинирани ќе можат да настапат само ако поминат карантин од две недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Исти правила важат за сите, без разлика дали станува збор за победник на Грен слем, премиер, деловен патник, студент…“, порача Морисон.

Сега на Новак е да одлучи дали ќе оди две недели во карантин за да учествува на Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…