Англиските гиганти со големо внимание ја следат ситуацијата околу уругвајскиот интернационалец од редовите на Барселона, Роналд Араухо.
Араухо има важечки договор со Барселона до јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека 22-годишниот дефанзивец ја одбил понудата на Барселона да го продолжи договорот.
Доколку двете страни не најдат заеднички јазик до крајот на сезоната тогаш Барселона ќе мора да го продаде Уругваецот на лето.
Силен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус.