Дома Трансфер зона Премиерлигашите се борат за потписот на португалски талент

Премиерлигашите се борат за потписот на португалски талент

Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересиран за големиот талент на Бенфика, Жедсон Фернандеш, пренесуваат медиумите на Островот.

20-годишниот фудбалер од средниот ред важи за еден од најголемите таленти во Европа, а Бенфика е спремна да го пушти откако играчот ја загуби довербата на тренерот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Главен кандидат за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед. Се тврди дека претставници на Фернандеш веќе биле во Манчестер и се обиделе да договорат позајмицата во Јунајтед, со можност за откуп по цена од 34 милиони фунти.

Голема конкуренција „црвените ѓаволи“ ќе имаат во Вест Хем бидејќи Дејвид Мојс сака да го види Португалецот во своите редови, па веќе спремил понуда која повеќе и одговара на Бенфика.

Откупната клаузула на Жедсон изнесува 102 милиони фунти, меѓутоа во Бенфика се свесни дека нема да можат да добијат ни половина од таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…