Пред три години пристигна како голем талент во Реал Мадрид…
На само 16 години стана фудбалер на Реал Мадрид кој ја доби битката со уште неколку европски гиганти. Денес три години подоцна, ниту малку не ги опрадува очекувањата, па сигурно е дека Мартин Одегард нема да биде член на „кралевите“ (на првиот тим) во новата сезона.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Лопатеги нема да смета на него кога ќе започне сезоната, тоа го потврди и самиот фудбалер во изјава за медиумите.
„Најважно е да играм, сакам клуб во кој ќе бидам стандарден“, изјави Одегард.
Заинтересирани има, но не се европските гиганти како некогаш, туку условно кажано помали клубови, не е исклучена можност и да остане во вториот тим на Реал Мадрид.
Споредете ги него и Мбапе, Одегард е само три дена постар, но изгледа прваше лоши избори, Французинот беше еден од најдобрите играчи на Мундијалот, а Одегард сезоната ја помина во Херневен со само три постигнати гола во лигата.