Жозе Мурињо крена голема прашина на Островот со изјавата со кој го критикуваше неговиот претходни Луј ван Гал и неговата лоша трансфер политика.
Мурињо истакна дека тој никогаш не би продал играчи како Анхел Ди Марија, Чичарито и Дени Велбек, но англиските медиуми веднаш го потсетија на продажбите на Кевин де Брујн и Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште по интересно во целата приказна е што во одбрана на „Специјалниот“ застана Антонио Конте, иако двајцата само пред неколку дена имаа жесока расправија.
„Тешко е постојано да носите прави одлуки. Понекогаш мислите едно а во иднина се случува нешто сосема друго. Не е се толку едноставно во фудбалот за секогаш да правите точни проценки на сите играчи“, вели Конте.
„Понекогаш се случува играч да не игра на потребното ниво една или две сезони, но потоа да биде фантастичен“, додаде италијанскиот стратег.